ФОТО: Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата.

Неговите роднини за порталот „Скопје1“ посочиле дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.

„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.

Преку социјалните мрежи од него се простуваат и пријателите.

Повеќе

Back to top button
Close