Протеински крамбл во чаша

Лесен и вкусен десерт (или појадок) со здрави состојки и прекрасна текстура!

Состојки (две порции):

За кремот:

1 протеински пудинг од ванила

50 мл. грчки јогурт

 

За гранола:

200 гр. овесни снегулки

2 лажици ленено семе

50 гр. сечкани бадеми

2 лажици мед

1 лажица кокосово масло

1 лажица цимет (по желба)

 

За сервирање:

Свежо овошје по избор ( боровинки, праски, кајсии итн.)

2 лажици од подготвената гранола

2 лажици џем

гранче нане

 

Подготовка:

Гранола: Во сад измешајте ги овесните снегулки, лененото семе, сечканите бадеми и циметот.

Додајте го медот и кокосово масло, па со раце или вилушка соединете ги состојките додека не добиете зрнеста смеса.

Распоредете ја смесата на плех обложен со хартија за печење.

Печете ја на 180°C околу 10 минути, или додека не добие златно-кафеава боја, со повремено мешање.

Оставете ја печената смеса да се олади.

 

Сервирање:

 

Поделете половина од протеинскиот пудинг во две чаши. Одозгора ставете по две лажици гранола, па прелијте со јогуртот, врз него ставете лажица џем. Посипете со остатокот од пудингот и одозгора прекријте со свежо овошје. Декорирајте со гранче нане.

Послужете веднаш.

 

Совет:

Остатокот од гранолата чувајте го во стаклена тегла со капак. Ќе ви послужи како вкусен и здрав додаток за јогурт, овошје или други десерти.

Ако сакате и веганска верзија, заменете го пудингот со вегански, а користете растителен јогурт.

Back to top button
Close