Почина новинарката Валентина Базерко
Вчера, на 62 годишна возраст почина новинарката Валентина Базерко.
Новинарската кариера ја започна во „Млад борец”, а потоа работеше во Македонското радио. Беше борец за правда и професионализам, дописник од Тајван, известуваше од значајни меѓународни конференции.
Базерко беше партизанска внука и ќерка која и покрај животните удари го сакаше новинарството и работата, се грижеше за негување на македонскиот јазик и современиот радио израз.
Колегите од сите медиуми се простуваат од Валентина Базерко