Продолжува трендот на намалување на активни случаи од коронавирусот во Кичево

 Тројца новозаразени и пет оздравени денеска се регистрирани во Кичево. Според податоците од Министерството за здравство информираат дека  вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 254 лице, од кои 113 се активни, 131 се излекувани и десет лица се починати.

Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб истакна дека овие податоци зборуваат дека продолжува трендот на намалување на активни случаи во оваа општина.

– Денеска кај нас имаме тројца новозаболени од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови и се под надзор на нивните матични лекари, се разбира дека сите се во изолација и за среќа пак имаме пет оздравени лица, рече Бајрами.

Тој упати апел до сите граѓаните да ги почитуват препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close