Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала ?!

Порталот Плусинфо објави објави снимка од надзорна камера, од која, како што пишува, се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир.

-Таа, со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон. Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот, пишува порталот.

Таа, според пишувањето, нападот не го пријавила во МВР, туку после инцидентот се упатила кон Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска била примена во Ургентниот центар.

Арсовска денеска обвини дека пред очи на полицајци напаѓачот ја удирал со клоци и оти упатил закани кон неа и нејзиното семејство.

За нападот при посета на дивоградба во скопски Чаир врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево за телевизија Телма рече дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.

Back to top button
Close