Уапсен е татко кој ја присилил малолетната ќерка да питачи во Дебар

Уапсен е татко од скопската населба Шуто Оризари кој се сомничи дека ја присилил неговата малолетна да питачи на главната улица во Дебар, информираат од МВР, посочувајќи дека акцијата е во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење.

„Вчера во 20:40 часот е лишен од слобода С.Р. (30) од скопската населба Шуто Оризари, кој се сомничи дека го сторил казненото дело запуштање и малтретирање на дете“, стои во полициското соопштение.

Back to top button
Close