Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер, тој е послушник кој сам си пукаше во нога
Актерот Тони Михајловски кој е гостин во „Претрес со Ландов”, говореше и за состојбите во културата.
Според него, најлош министер до сега бил Ештреф Алиу, а најдобар Слободан Унковски. Сепак, посочува, актуелниот министер Зоран Љутков ќе го надмине и најлошиот.
„Тоа е министерот за култура, актер, кој доби 800 тужби од своите колеги актери, затоа он е јаден, тој е послушник, после им ја намали платата на колегите. Сам си пукаше во нога. Заробеник е на луѓе во Министерството. И времето на СДСМ беше лошо, но ова е најлошо”, вели Михајловски.