Проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на летното кино во Сити мол
Во рамки на програмата „Филм во фокус“, вечерва, во Сити мол на „Rooftop open air cinema“, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
Како што стои во соопштението, на настанот ќе присуствува дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот ќе одржат интерактивна „Q&A“ сесија со публиката.