Касами за службените возила на Фетаи и Меџити: Сигурно имале некој службен состанок, не верувам дека се состанале за политички работи без мене
Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН Билал Касами, за користењето на службените возила од страна на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, вели дека тие биле на некој состанок во служба на позицијата што ја носат.
Касами, како што рече, не верува дека Меџити и Фетаи се состанале за политички работи без да биде и он присутен.
„Јас не знам за каков состанок се работи, не знам ни дали биле по партиски цели зошто не сум бил јас дел од таков состанок, бидејќи двајцата се дел од Владата можеби тука или негде во близина биле на некој состанок во служба на позиција што ја носат. Со тоа што јас не сум бил дел од таа средба, не верувам дека се состанале за политички работи без да бидам јас присутен“,рече Касами.
Откако објективот на „360 степени“ ги забележа службените возила на Фетаи и Меџити прашавме и во Министерството за животна средина и во кабинетот на вицепремиерот за добро владеење какви службени обврски имале вицепремиерите во 23 часот. Оттаму не ни одговорија. Одговор не добивме ниту од Владата