Почина музичката легенда Ози Озборн

Пејачот на бендот Блек Сабат, легендарниот Ози Озборн почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

„Со тага и недостаток на зборови соопштуваме дека нашиот почитуван и сакан Ози Озборн почина утрово. Беше со семејството и опкружен со љубов“, се вели во соопштението од неговото семејство.

Ози Озборн е музичка легенда. Стана популарен како основач и член на Блек Сабат од 1968 година.

Блек Сабат е еден од пионерските хеви-метал бендови, а творци се на познатите хитови „Paranoid“, „War Pigs“ и „Iron man“.

Озборн го напушти бендот во 1979 година по расправија со останатите членови, па продолжи со соло кариера во која произведе преку десетина албуми.

Во 2000-те Ози и неговото семејство станаа популарни и на ТВ екраните по ријалити шоуто „Озборнови“.

Неговото последно појавување беше на 5 јули 2025 година, на спектакуларниот концерт во Бирмингем, каде што повторно се здружи со оригиналниот постава на „Блек сабат“. Иако настапи седејќи поради сериозни здравствени проблеми, публиката беше воодушевена од неговото појавување.

Back to top button
Close