НАТО: Неосновани се тврдењата за распоредување војска на границата со Белорусија

,  НАТО денеска како неосновани ги отрфрли тврдењата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека странски сили организираат распоредување војници на границата со таа земја.

Лукашенко вчера го обвини НАТО дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск. Тој додаде дека подготовките се во тек во Полска и Литванија и истакна дека ги пренел белоруските вооружени сили во западната граница на земјата.

НАТО ги негираше овие обвинувања, велејќи дека не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја и не распореди војници во областа.

„Нашата политика е строго дефанзивна“, сооошти НАТО.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека „режимот по секоја цена се обидува да го сврти вниманието од внатрешните проблеми на Белорусија со целосно неосновани изјави за имагинарни надворешни закани“, пренесе Би-Би-Си.

Неименуван официјален претставник на полското претседателство изјави дека идеите за тоа дека Полска планира каква било дестабилизација на границите се „пропаганда на режимот“ во Белорусија.

„Полска нема таква намера“, додаде официјалниот претставник.

НАТО ја повика Белорусија да ги почитува основните човекови права на своите граѓани.

Лукашенко  му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница. /

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close