Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната најава дека Владата сака да донесе „не популарни, туку долгорочни решенија“ за цените на храната изјави денеска дека нема никаква дилема и апсолутно е подготвен, како што истакна, да плати таква политичка цена.

-Откако го лоциравме проблемот, свесни сме дека тоа можеби ќе има и политичка цена и тука немаме никаква дилема, но подобро на каток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја плаќаат во континуитет на долг рок, подвлече премиерот за мерките кои, изјави вчера, нема да бидат популистички.

Мицкоски вчера кажа дека се прават детални анализи и дека Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната. Праксата покажа, додаде, дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, во која, потенцира, не треба да западнеме

Back to top button
Close