Не стивнува бројот на новозаболени од Ковид-19, моментно активни 2921 случаи

Бројот на новозаболени лица со Ковид-19 и натаму останува троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 137 случаи, а Скопје и Куманово се на врвот на листата со најмногу заразени. Во моментов, од почетокот на епидемијата има вкупно 2921 активни случаи.

Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13595. Бројката на оздравени пациенти е 10110, а на починати 564.

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19.

Од нив, 53 се во Скопје, 19 во Куманово, 8 во Штип, 4 во Тетово, 2 во Струга, 6 во Велес, 7 во Битола, 10 во Гостивар, 2 во Гевгелија, 1 во Струмица, 2 во Крива Паланка, 2 во Пробиштип, 3 во Македонски Брод, 2 во Берово, 5 во Делчево..

Според податоците на Министерството, во болнички услови вчера почина 63-годишен пациент од Дебар.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 58 оздравени пациенти, и тоа од Скопје 22, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 11, Битола 2, Охрид 9, Гостивар 5, Демир Хисар 3, Виница 1.

Досега во земјава се направени вкупно 137.465 тестирања на Ковид -19.

Како што соопшти Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден немало тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти од кои на кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни, една мајка и три деца суспектни на вирусот.

Според извештајот од Министерството, во ГОБ „8 Септември“ примени се три пациенти. Вкупно хоспитализирани се 68 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Што се однесува до главниот град, кој останува на врвот на листата на најмногу заболени, во Чаир има најмногу активни случаи, и тоа дури 114. По него следува Гази Баба со вкупно 107 активни, во Аеродром има 103 активни случаи, во Карпош 91, Центар 84, Кисела Вода 89, Ѓорче Петров 68, Бутел 60, Шуто Оризари 40, Студеничани 20, Сарај 21, Арачиново 17.

Back to top button
Close