“Бегаат како глувци” – Лукашенко од хеликоптер ги гледаше демонстрантите

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко кој во својата резиденција пристигна вооружен со автоматска пушка, нешто подоцна демонстрантите кои пристигнаа пред неговата резиденција ги нарече кукавици.

На снимката која ја објави државната телевизија на Белорусија може да се види како Лукашенко гледа низ прозорот на хеликоптерот, а потоа стапува во врска, веројатно со пилотот, на кого му наредува: „Поблиску, поблиску до плоштадот. Не го гледам плоштадот, лево, лево“.

„Бегаат како глувци“, го коментира Лукашенко заминувањето на демонстрантите од претседателската резиденција.

По слетувањето, Лукашенко ја пофали полицијата за професионализмот, додека тие му ветија дека ќе останат со него до крај.

Back to top button
Close