Претседателски избори во Иран на 18 јуни следната година

Иранскиот совет за заштита на Уставот денеска го одреди 18 јуни следната година како датум за претседателските избори во таа земја.

Според иранскиот закон, сегашниот претседател не може да се кандидира за трет мандат, ако претходно бил на таа позицијадва последователни мандати, како што е случајот со Хасан Рохани, кој беше избран за претседател во 2013 и 2017 година.

Според шефот на иранскиот изборен штаб, кандидатурите за учество на претседателските избори ќе бидат доставени на почетокот на април, а конечниот список на кандидати ќе биде објавен на почетокот на јуни.

 

Back to top button
Close