Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД

– Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември.

Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД.

Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со строги здравствени протоколи, успеаја да спроведат поскромен собир испраќајќи во Шарлот само шест делегати од секоја држава.

Демократите, од друга страна, сите собири ги одржуваа виртуелно.

Сепак, конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во Белата куќа во четврток за да гледаат во живо како претседателот Трамп ја добива номинацијата од неговата партија.

Back to top button
Close