Гари Каспаров: Никој не се осмелува да го каже тоа засега, но Европа е во војна

Поранешниот светски шампион во шах и руски дисидент Гари Каспаров пишува во авторски коментар за германскиот „Ди Велт“ дека европските лидери мора да се соочат со реалноста – Европа е во војна со режимот на Путин, иако никој не е подготвен отворено да го каже тоа.

Каспаров се сеќава дека уште во 2014 година, по руската окупација на Крим, напишал „Војна е, будала!“, а денес верува дека тие зборови се сè уште вистинити, но и трагични. Доказ, вели тој, не е само целосната инвазија на Украина и војната што трае повеќе од три години, туку и најновото навлегување на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор.

„Ниту еден европски политичар не ги изговори едноставните зборови: ние сме во војна. Наместо тоа, тие користат еуфемизми – инцидент, нарушување на воздушниот простор – како со избегнување на зборот војна да можат да ја избегнат реалноста“, пишува Каспаров.

Во текстот, тој нагласува дека војната на Путин е егзистенцијално поврзана со неговото останување на власт, но и дека зависи од поддршката на Кина. Тоа потсетува на неодамнешниот самит на Шангајската организација за соработка, каде што се сретнаа Си Џинпинг, Путин и нивните сојузници од Белорусија до Иран.

„Колку и да е Путин закана, Си е поголема опасност на долг рок бидејќи го обединува авторитарниот блок и го насочува против либералниот поредок“, пишува Каспаров.

Додека Западот, тврди тој, не успеа да одржи обединет фронт, авторитарните лидери се повеќе успешни во консолидирањето на своите сили и поткопувањето на либералниот светски поредок.

Каспаров особено ги критикува Соединетите Американски Држави, наведувајќи дека „администрацијата на Трамп практично ја продаде Украина за да продолжи да работи со Путин“, додека Европа остана на ниво на реторика и неодлучни санкции

Back to top button
Close