Голем број Американци оцениле дека острата политичка реторика поттикнува насилство

Околу две-третини од Американците оцениле дека острата реторика што се користи во политичките дискусии поттикнува насилство, покажуваат резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос, спроведена неколку дена по убиството на конзервативниот политички активист Чарли Кирк.

Околу 63 проценти од испитаниците изјавиле дека начинот на кој Американците зборуваат за политичките прашања „многу придонел“ за поттикнување на насилството. Додека 31 отсто навеле дека нивниот пристап кон политичкиот дискурс дал „одреден импулс“ за насилството. Останатите испитаници одговориле дека не го забележале влијанието или не дале одговор.

Анкетата покажува и дека дури 79 проценти веруваат дека изминатите 20 години Американците покажуваат се помала толеранција кон ставовите што се разликуваат од нивните.

Околу 71 отсто од испитаниците се согласиле со изјавата дека „американското општество е скршено“, додека 66 проценти навеле дека се загрижени за можноста за насилство врз група луѓе од нивната заедница поради нивните политички мислења.

Back to top button
Close