Тетовчанка платила 14.000 евра за стан во Германија – сфатила дека е измамена кога „продавачот“ и кажал дека ќе оди во затвор

Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска.

Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во три наврати му ги пуштила парите.

Исто така, според пријавеното, после некое време го побарала да види до каде е работата со станот, при што тој ја информирал дека ќе треба да лежи во затвор затоа што бил осуден, по што сфатила дека била измамена и случајот го пријавила и во Косово и во СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Back to top button
Close