Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го обвини Тошковски дека го поткупил неговото семејство за да не бара оставка

 

Денеска на протестот кој се одржа во Кочани по повод шест месеци од трагедијата во која изгореа и настрадаа 62 млади лица, а 193 беа повредни во дискотеката „Пулс“, сопругата на полицаецот од Пробиштип кој го изгуби својот живот бараше правда од институциите и јавно го обвини Тошковски дека го поткупил неговото семејство за да не бара оставка.

Ветивте дека ќе ја спроведивте правдата за Тоше, кој зад себе остави две малолетни деца. Ми ветивте работа, а на негово место ја вработивте сестра му. Пет месеци ја чекав пензијата, никој не ме праша како сум и што поминувам.“ – вели сопругата на починатиот полицаец.

Таа објави дека била оставена без поддршка од свекорот и сестрата на сопругот, свекорот оставил сметка во полиција и собирал донации за децата кои беа останаа без татко. Иако тој тврди дека се грижи за децата и сега е нивни татко, тој го гледа само својот интерес.

„Татко му, со поткуп од министерот Тошковски ја продаде смртта на мојот сопруг. „Министре не давајте оставка“ му рекол тој, ама после девет дена тие отидоа во канцеларијата на Тошковски да разговараат, бидејќи со договор и поткуп сѐ се може, само децата мои без татко останаа.“ – додава таа

Сопругата на починатиот полицаец вели дека сите пари од донации одат кај дедото на децата, наместо кај нив, но тоа ништо не им значи бидејќи тие пари нема да го вратат нивниот татко.

Блиските на жртвите побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Претседателот Христијан Мицкоски поради несовесното работење.

 

Back to top button
Close