Класифицираните информации за наводната „шпиунска афера во АНБ“ се објавуваат преку Плусинфо и Лидер

Додека комисијата за надзор над АНБ излегува од просториите на АНБ со шише вино и без никаков увид во класифицираните документи за наводниот шпиунски скандал и наводното следење на премиерот Христијан Мицковски, истите класифицирани документи и податоци од документите се појавуваат на порталот Плусинфо и порталот Лидер, притоа компромитирајќи го внатрешното работење на Агенцијата за национална безбедност, идентитетот на вработените во АНБ кој со закон е класифициран податок. Всушност, на овие два портали се објавуваат класифицирани информации, до кој на ниеден начин сè уште неможе да дојде ниту Собраниската комисија за надзор на работењето на АНБ!

За да биде скандалот уште поголем, објавени се изјави кој што биле предмет на обработка, а за кои порталите „Плусинфо“ и „Лидер“ пишуваат дека кога со своите адвокати влегле во АНБ, им бил даден увид во материјали собрани за нив, заедно со имиња на вработени агенти во АНБ. Така, во текст објавен на порталот „Плусинфо“, Христијан Илиевски изјавил дека имал „неформален увид во доказите против него заедно со својот адвокат“. КОЈ ДОЗВОЛИЛ „НЕФОРМАЛЕН УВИД“ ВО МАТЕРИЈАЛИ КОИ СЕ КЛАСИФИЦИРАНИ?! Кој и со каква цел дозволил да се пласираат имиња на тајни агенти кои се вработени во АНБ?

Како тоа, за целата држава, за целата јавност и пред се за Собраниската комисија за надзор над работењето на АНБ ова е класифициран податок, НО за Христијан Илиевски и Бранко Геровски истиот податок не е класифициран, па објавуваат дека – „Вилијам Секл и Јовче Ременски како вработени во АНБ им пласирале такви лажни информации на нивните хрватски колеги со цел да му наштетат на угледот и да му ја загрозат слободата“?

Во текстот на порталот „Плусинфо“ ова е содржано во еден конкретен цитат:

„Во неформалниот увид во доказниот материјал против мене, со мојот застапник, дојдовме до информации дека во Декември 2023 година и во Јануар 2024 година, Вилијам Секл и Јовче Ременски, како вработени во АНБ, им пласирале такви лажни информации на нините хрватски колеги, со цел да ми наштетат на угледот и да ми ја загрозат слободата“ – рскажува Илиевски

Извор – Плусинфо: ВИЛИЈАМ СЕКЛ И ЈОВЧЕ РЕМЕНСКИ ГО НАМЕСТИЛЕ И „КРАЛОТ НА МЕСТЕНКИТЕ“ Христијан Илиевски протеран од Хрватска со лажни дојави од АНБ – plusinfo.mk

Каде е тука противзаконското постапување?

Во член 51 од Законот за АНБ, истиот пропишува дека АНБ е должна на барање на граѓанин, во рок од 30 дена во писмена форма да го известат граѓанинот – барателн на информацијата, дали против него се превземени мерки за тајно прибирање на податоци, дали се води евиденција за неговите лични податоци и на негово барање, да му ги достави на увид документите за прибраните податоци.

Но веќе во ставот 2 од членот 51 на истиот закон, е предвидено безбедносно ограничување на бараните податоци, односно е јасно наведено дека документите кои се дават на увид на барање на граѓанинот, несмеат да содржат податоци за работниците на Агенцијата, ниту податоци за изворите на податоците на Агенцијата и за трети лица.

Оттука, се поставува прашањето како Христијан Илиевски и Бранко Геровски знаат содржини од слуѓбени материјали на АНБ кои се класифицирани согласно закон, и дотолку повеќе како смеат истите да ги обелоденуваат и објавуваат?

Дополнително, агенцијата не е должна на граѓанинот барател да му одговори дали против него се превземени мерки за тајно документирање на податоци, доколку со тоа известување се загрози вршењето на работите на самата Агенција, ја загрози безбедноста на друго лице или ако доведе до штетни последици за националната безбедност или националниот интерес на Република Северна Македонија.

И она што е особено загрижувачки е следното – Како може во да се лиферуваат во јавност белешки кои македонската тајна служба ги испраќала на хрватската тајна служба, а потоа да се очекува дека хрватската тајна служба ќе продолжи да соработува со македонската тајна служба на ист начин и со иста доверба како и предходно, кога гледаат дека нивните оперативни акции и податоци се објавиваат на национални портали во Македонија? Ова директно ја компромитира и поткопува меѓусебната доверба, и тајност во комуникацијата од страна на нашата служба.

Од изјавата на Христијан Илиевски за порталот „Плусинфо“, произлегува дека истиот тој поднел претставка/барање до кабинетот на директорот на АНБ на 22 Мај, 2025 година, а во претставката веќе знаел конкретно лице со име и презиме од редот на вработените во Агенцијата дека наводно работело на собирање на информации околу него:

„Во мојата претставка до кабинетот на директорот на АНБ, што ја доставив на 22 Мај годинава, се пожалив на тоа дека Вилијам Секл, од осветољубие, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како вработен во АНБ, пуштал преписки до хрватската Сигурносно обавештајна агенција (СОА), во кои го тврдел сето она што е напишано во доверливата информација на СОА, врз основа на кое сум протеран од Хрватска“ – наведува Илиевски за Плусинфо.

Како Христијан Ииевски можел да го знае идентитето на Вилијам Секл за да напише претставка (ако ваков човек – Вилијам Секл воопшто постои помеѓу вработените во АНБ, а и кога би постоел АНБ е должна да го заштити неговиот идентитет)?!

Индикативно е, дали некој од АНБ однапред го брифирал Илиевски за идентитетот и содржината на класифицирани белешки, изготвувани за него преку меѓународна соработка, за овој да може да поднесе таква претставка? Доколку е токму тоа случајот, таквото нешто е кривично дело!

Back to top button
Close