Апасиев: Мицкоски ги убедува Македонците дека кандидирањето Македонец за градоначалник на Струга било антимакедонски чин

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев ја коментираше вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека „Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ“.

„Мицика ги убедува Македонците дека кандидирањето Македонец за градоначалник на Струга било “антимакедонски чин”!? Ауууу сине-брат… Па ти пролупа уште пред да почнат избориве“, стои во јавната објава на Апасиев.

Премиерот тврди дека „Левица“ им фрлаат гума за спасување на ДУИ со тоа што кандидираат свои кадри во општините Тетово, Гостивар и Струга иако немаат ниту теоретски шанси да победат таму. Играта, според него, е очигледна и со тоа што, од друга страна, од оваа партија немаат кандидати во Јегуновце, Теарце и во други општини од Западна Македонија, како и во Штип и во родното место на нивниот претседател – Велес, каде шансите им се барем на ниво на теорија.

Инфлацијата во август е 4,4 отсто – ризици за идната динамика и натаму постојат, велат од Народна банка

Од Левица порачаа дека „поврзувањата со ДУИ се крајно смешни“.

-Дали според вас македонскиот народ треба да гласа за кандидати како Касами кој отворено заговара федерализација на Македонија и негира сè што е македонско? Дали тоа е вашата визија за „горда Македонија“?, прашуваат од партијата на Апасиев.

Левица ја кандидираше пратеничката Јована Мојсоска за градоначалник на Струга, за Тетово Катка Божиновска – доктор на правни науки и за Гостивар, Дарко Грујоски – ИТ-специјалист

Back to top button
Close