Со последните две години од средното образование ќе се станува полицаец, средното полициско училиште ќе стартува од идниот септември
По многу години пауза, од следната учебна година повторно ќе се врати средното полициско училиште. Законт за средно полициско училиште, со кој се утврдуваат условите, веќе е предаден во Собрание.
Во него е утрврдено дека во средното полициско училиште ќе може да се запишуваат редовни ученици кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на државата.
Воедно заинтересираните треба да исполнат и услови за прием. Треба да се државјани на Македонија, да немаат 18 години на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште. Исто така ќе мора активно да го користат македонскиот јазик, да се здравствено и психофизички способни, а ќе се прави безбедносна проверка која треба да утврди дека не постои безбедносен ризик.
Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово.
Ќе работи по наставни планови и програми утврдени од министерот за образование и наука во согласност со министерот за внатрешни работи. Истото ќе биде во времетраење од две учебни години, односно трета и четврта година средно образование, така што секој кандидат/ученик по завршување на прва и втора година средно училиште, на објавен конкурс може да се пријави и доколку ги исполнува предвидените услови, своето образование да го продолжи тука