Даг Јохан Хагеруд, лауреат на МФФ Киненова: Гледањето филмови и читањето книги ни помагаат да се разбереме едни со други

Добитникот на годинешната Златна мечка од Берлин за најдобар филм , а годинава и добитник на специјалната награда за особен придонес во филмската уметност, на 10. Јубилејно издание на МФФ Киненова е норвешкиот писател сценарист и режисер Даг Јохан Хагеруд.

Мислите ли дека знаењето, добрата волја и уметноста можат да го спасат човештвото од неговите мрачни страни?

-Не може да го спаси човештвото, но може да помогне. Може да даде утеха. Гледањето филмови и читањето книги ни помагаат да се разбереме едни со други. Понатаму, ги прошируваат нашите видици. Цврсто верувам во тоа, знаејќи дека би бил прилично ограничен и тесноград доколку не бев изложен на книги, филмови и ТВ серии кога бев дете.

Кој е вашиот омилен романописец и филмски режисер и дали имате филм што можете да го гледате постојано?

-Немам еден омилен, но има многу писатели и режисери кои ми биле многу важни. Патрик Модијано, Филип Ларкин, Ајрис Мердок, Ерик Ромер, Фредерик Вајзман, Селин Скијама, Гус ван Сант. Само набројувам неколкумина.

Филмовите што ги имам гледано најмногу пати се „Коса”, „Чадорите од Шербур”, „Сите луѓе на претседателот”, „Жената на авијатичарот” и „Бебето на Розмари”.

Светот се урива од алчност, како можеме да го запреме ова лудило?

-Не мислам дека можеме да го запреме. Се обидуваме постојано, но моќта да го запреме не е во наши раце. Сепак, постои граница за алчноста и на крајот ќе се сруши. Тоа веројатно ќе значи крај на светот каков што го знаеме, како што пееја РЕМ во 90-тите. Но, како ќе се одвива тоа и кога ќе се случи, никој не знае. Но, ми се чини дека доста брзо се движиме кон работ на карпата

Back to top button
Close