Со пушка застрелал куче во свој двор
Здружението ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните, соопшти дека во Кавадарци, среде ден, во приватен двор било пукано со пушка во кутре.
Осомничениот веднаш бил пријавен, полицијата му ја одзела пушката и го привела во станица. Од ЛИНА најавија дека очекуваат целосен извештај од МВР и оти јавно ќе го обелоденат идентитетот на сторителот.
Повреденото кутре добило ветеринарна помош во Кавадарци, а потоа ќе биде префрлено во Скопје за понатамошен третман.
Од здружението упатија апел до Јавното обвинителство да изрече највисока санкција за делото, согласно Кривичниот законик за убивање и мачење животни