Мојсоска: Манасиевски е „паразит“ кој цица плата од десет места
Кандидатката и пратеничка на Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на пресот на Валентин Манасиевски, кој ја нападна за плата што ја примала како едно единствено вработено лице во Левица, додека партијата на власта има десетици „платени ботови“. Мојсоска ја истакнува целосната законска усогласеност на финансиските извештаи на Левица и предупредува дека ова е преседан, упад во лични сметки без никакви индиции за кривично дело, што ја открива длабоката злоупотреба на власта и менталитетот на страв и закани во денешниот режим на Мицкоски.
-Бројлеров на Кондрад Аденауер – Валентин Манасиевски денес излегол на прес во очај да ја скандализира платата која сум ја добивала како вработена за вршење сметководство на Левица! Манасиевски, инаку е вработен во кабинетот на Муцунски и во работно време држи очајни пресови против Левица, ама тоа не е ни тема.
За разлика од ДПМНЕ, кое има над 20 вработени на плата само за да штанцаат ботовски коментари, Левица имаше едно вработено лице и тоа бев јас. И можам да им се понудам на белата палата да им го работам сметководсвото (за нешо над минимална плата), затоа што сите ревизорски извештаи за финансиите на Левица се целосно усогласени со законската регулатива.
Баш заради ваквите паразити што цицаат плата од десет места, кога аплицирав за работа со 9.4 просек во нивното време на мијалковизмот, не ни бев викната на интервју – пошо за мене немаше место во нивните партизирани институции.
И најбитното, ова е преседан каде се врши неовластен упад во лични сметки, без индиции за сторено кривично дело! Додека Мицко плаче дека бил следен, неговите контиња мавтаат со податоци за лични трансакции, кои ги добиле незаконски и неовластено и кои можат да се добијат само доколку јас сум била под посебни-истражни мерки за следење (доколку има индиции за сторено кривично дело)!