(ВИДЕО) Афера „операции за профит“: Министерот индиректно ја потврдува, шефот на ФЗО говори и за шема со упатите
Првиот човек на ресорот здравство Азир Алиу, сепак, се воздржа директно да ги соопшти и првичните наоди од осумте случаи кои ги разгледува интерната комисија во Министерството за здравство. Комисијата почна со работа по обвинувањата на проф. д-р Сашко Кедев – дека во дел од приватните болници се правеле и отворени операции на срце без медицински основани причини, информира 360Степени.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, тврди дека институцијата редовно врши слепи контроли на досиеја на пациенти за кои Фондот плаќа операции, вклучително и во приватните болници. Предлага тоа да го прави и комисијата. Но, додава дека добива повеќе поплаки од пациенти не за извршените услуги туку за тоа како и каде биле упатени на кардиохируршка интервенција. Вели, јавна тајна е дека одредени доктори даваат упати строго за одредени болници
Одминуваше вториот час од разговорот во кој зборуваше за планинарските подвизи, кога кардиологот Сашко Кедев доби прашање од домаќинот на интервјуто и за професијата. Одговорот беше директен и експлозивен – дека дел од приватните болници вршат операции на срце без медицинска основа.

„Канал 77“: Ставале стентови, а немало потреба?
Сашко Кедев: „Оперирале без потреба. Сечеле граден кош без потреба, имаме докази за тоа. Тоа е фасцинантно нешто, за коешто треба релевантните институции да преземат нешто. Тука мислам пред сè на Министерството за здравство и Фондот.
Министерот за здравство Азир Алиу веднаш го повика Кедев на состанок. Приватната болница „Систина“ најави тужба. Се формира и експертска комисија.
Доставени се медицински досиеја за осум случаи. Комисијата ќе ги обработи сите детално со цел да се утврди вистината врз основа на медицинските факти изјави министерот за здравство Азир Алиу, на 4 септември 2025 година.
…