Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на почетокот на следната година да се придвижат работите во делот на гаранциите дека уставните измени ќе бидат последното барање на нашиот пат кон целосно членство во Европската Унија.

Како што посочи на денешната средба со новинарите, по постетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Софија, каде порача дека е крајно време Македонија да добие некакви гаранции дека нема да има нови барања за продолжување на европскиот пат, имал разговори со него и се согласиле дека уставните измени треба да бидат последното барање на нашиот европски пат и да се добијат некакви гаранции за тоа.

-Сепак за да се реализира тоа треба да има и притисок од некоја од посилна страна. Очекувам придвижување на почетокот на идната година по завршувањето на божиќните и новогодишните празници во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија, рече Мицкоски.

Back to top button
Close