Кузеска: Граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум по пожарот во Трубарево

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше за ПР сè уште не ја добиле ниту првата плата. Изговорите дека допрва ќе се исплателе се празно оправдување и потценување на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката на партијата Богданка Кузеска, што МИА го пренесува интегрално.

Млади луѓе, кои со месеци се ангажирани во општините, останаа без денар, а граѓаните без вистинска заштита во време на пожари и еколошки катастрофи.

Заедничко за ова е неспособноста на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека народот се гуши во канцерогени честички, додека депониите и понатаму горат, а 20% од територијата е изгорена, власта на Мицкоски се занимава со лаги, манипулации, со напад на опозицијата измислени приказни за хибридни напади.

Бројни калкулации и лаги за спасување на рејтингот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, опасни по живот.

Повеќе не станува збор само за неспособност, не станува збор само за лаги туку за свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето!

Граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум по пожарот во Трубарево а власта молчела.

Наместо да алармира и да преземе итни мерки, наместо да даде соодветни препораки, наместо да организира евакуација и да го заштити населението, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема.

Лично Христијан Мицкоски тврдеше дека загадувањето на воздухот не е големо.

Оваа власт е неспособна, измамничка и без чувство за одговорност.

Време е да одговараат и за пожарите, и за еколошката катастрофа, и за лагите со кои ги излажaа граѓаните и пожарникарите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close