Дванаесетгодишно девојче било физички и психички малтретирано со месеци, случајот пријавен во полиција

Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички напаѓано и психичко малтретирано, а тоа било снимено со мобилен телефон.

Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Штип го пријавила С.Д.(25), сестра на девојчето. Според пријавата, девојчето било малтретирано од 13-годишна малолетничка.

– Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, најавува МВР.

Back to top button
Close