Филипче: ВМРО-ДПМНЕ наместо помош за граѓаните, врши притисок и замолчување
Наместо директна поддршка за граѓаните, власта врши притисок врз нив да не зборуваат за реалните проблеми, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори.
Филипче, како што соопшти СДСМ, посочил „дека освен лагите со кој оваа ВМРО – ДПМНЕ дојде на власт, денес гледаме директен притисок врз граѓаните, особено врз синдикати, работници и семејства кои сакаат да се организираат и јавно да изразат незадоволство“.
-Ги притискаат и нема да излезат во јавност. Со сите збориме со синдикати и работници сите да се плашат. Им се закануваат на телефон, дома им праќаат полиција. Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот. Да нема протести, да нема никаква организација, истакнал Филипче.
Во обраќањето Филипче бил дециден дека власта на ВМРО-ДПМНЕ функционира идентично како режимот на Никола Груевски.
-Имаме работа со истиот систем што го практикуваше Никола Груевски, ама исто идентично, на ниво на водење на државата, на ниво на менаџирање на потребите на граѓаните, нагласил Филипче.
При тоа, Филипче порачал дека СДСМ нема да отстапи од политиките на солидарност и грижа за граѓаните, а секој проблем и предолг ќе биде слушнат.
-Ќе продолжиме отворено, транспарентно, инклузивно, на секој ќе му биде отворена, вратата да има шанса да даде предлог, да биде слушнат. Никој нема да биде дискриминиран по ниту една основа, ниту партиска, без разлика на која партија припаѓал Во времето на претходното владење на ВМРО-ДПМНЕ нема луѓето со што да споредат, сега имаат. Сега може да ја почувствуваат разликата, порачал Филипче