Пановски уверен: Герасимовски победува во Центар

Во гостување на подкаст, Никола Пановски изјави дека очекува победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски во општина Центар на претстојните локални избори.

„Во Центар, исто така, нема да победи ВМРО. Мислам дека ќе победи Стевче во Карпош без разлика што сме коалиција“, изјави Пановски.

Пановски додава дека власта прави се за да ја зголеми апатијата кај гласачите. „Целта на власта е што повеќе луѓе да останат дома, да мислат дека ги лажеме, да ги лажеме бесрамно секој ден, само за да се откажат и да не излезат на гласање.“

Во поширок контекст, Пановски предвидува дека Левица ќе освои повеќе гласови од претходно, додека СДСМ, според него, ќе остане на нивото од локалните избори во 2021 година.„Се надевам дека нема да падне како што падна на парламентарните“, рече тој.

За ВМРО-ДПМНЕ, Пановски смета дека ќе победи во своите традиционални општини, но нагласува дека Карпош нема да биде една од нив. „Во Карпош нема да победи сигурно, има некои анкети. Мислам дека ќе победи Стевче, по петти пат“, подвлече тој.

Изјавите на Пановски фрлаат светло врз сегашната политичка динамика и очекувањата за претстојниот изборен циклус, каде битките во урбаните општини, особено Центар и Карпош, ќе бидат особено симболични за односот на силите во опозицијата.

Back to top button
Close