(Видео) Снимка од скопско Кондово: Жител уапсен за палење на автомобил – Скопје1.мк
Полициски службеници од СВР Скопје на 20 септември го лишија од слобода А.Г. (35) од селото Кондово, скопско, поради сомнение дека истото утро околу 09:00 часот во Кондово со бензин го запалил патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ. (51) од истото село.
СВР Скопје против осомничениот поднесе кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. По предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од осум дена.
View this post on Instagram
Извор: skopje1.mk