СДСМ: Кој ќе одговара за труењето на граѓаните кои институциите не ги евакуираа

Повеќе од 500 илјади жители на Скопје и околината, граѓани, деца, мајки, болни и возрасни, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. Олово, арсен и кадмиум во концентрации дури 12 пати над дозволеното имало во воздухот, а власта молчеше. Наместо да алармира, да преземе итни мерки, препораки и евакуација, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема и не мрдна со прст, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Со тоа, власта свесно го загрози здравјето и животот на луѓето.

Кој ќе одговара за ова труење на граѓаните?

Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Мора да има итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот на граѓаните.

Оставки веднаш од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија досега не видела понеодговорна и кукавичка власт од оваа на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се соочи со кризите, таа калкулира, минимизира и со лаги се обидува да си го спаси рејтингот, додека граѓаните плаќаат со сопственото здравје.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close