Хамас му се заканува на Израел: Ако не прекинете со нападите, кажете им збогум на заложниците

Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинското милитантно движење Хамас, објавија слики од израелски затвореници кои се држат во Газа.

Хамас ги предупреди израелските власти дека нивните затвореници ќе бидат во опасност доколку Израел продолжи со инвазијата на Газа и отфрли прекин на огнот.

„Секое понатамошно одложување или отфрлање на прекинот на огнот од страна на израелската влада, под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе резултира со смрт на затворениците“, се вели во пораката, објави иранската новинска агенција Тасним.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close