Какво ќе биде времето до крајот на септември?, објави 4NEWS.mk

Македонија ќе ја испрати последната недела од септември со вистинска промена на временските услови, објави 4NEWS.mk

Според метеоролошката прогноза, во недела (21.09) и понеделник (22.09) не очекува сончево и топло време со температури до 30 степени. Во вторник и среда (23-24.09) ќе има делумна облачност, но температурите ќе останат високи и ќе се искачат до 31 степен.

Од четврток (25.09) следува постепено заладување. Температурите ќе паднат на околу 30 степени, а веќе во петок (26.09) дневниот максимум ќе биде околу 23 степени, проследено со повеќе облаци.

Викендот (27-28.09) носи променливо облачно и дождливо време, со значително пониски температури – сабота ќе биде посвежа со максимум од 18 степени, а во недела се очекува дожд и температури до 21 степен.

Последните денови од месецот, понеделник и вторник (29-30.09), ќе бидат со умерена облачност и сончеви периоди, а температурите ќе се движат меѓу 23 и 24 степени.

Заклучок е дека до средината на неделата ќе уживаме во летни температури, но веќе од петок следува вистинска есен со дожд, посвежо време и значителен пад на температурите.

Извор: 4news.mk

Back to top button
Close