Маж од струмичко приведен поради подметнување пожар
Полициски службеници од СВР Струмица, вчера околу 15:00 часот го лишиле од слобода Е.А. (42) од село Василево, под сомнение дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атарот на селото.
Како што соопшти денеска МВР, пожарот зафатил нива со сува вегетација, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица, огнената стихија била навремено изгасната.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Е.А. е задржан во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.