ВЛЕН: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама
Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама. Тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат. Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше ВЛЕН, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами, соопштиваат од ВЛЕН.
„Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на „Ѓоко Констракшен“, другиот за да ја спаси својата политичка кариера, додека последниот се труди да дојде на власт и да ги спаси членовите на своето семејство. Народот не е слеп и не јаде трева. Кога ги броеше тендерите и привилегиите, никој не и сметаше на Ахмети, дури ни Груевски или Мијалков.
Денес, без власт, се обидуваат да се претстават како патриоти. Но секоја општина што ја водеа е во хаос. Нивниот патриотизам е како празно тенџере прави многу врева, а внатре нема ништо.На 19 октомври, Албанците ќе го дадат заслужениот одговор“, се наведува во соопштението од ВЛЕН