Родителите од трагедијата во „Пулс“: Ако можевте 30 километри до Штип, можете и 300 метри до Паркот?

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во кое се обединети дел од родителите на загинатите деца во кочанската трагедија, упати порака до јавноста по големиот концерт на Дино Мерлин во Штип.

„Скоро цело Кочани патуваше 30 километри до Штип на концерт. А градоначалникот на Штип, ете, предизборно најде време и срце да ги покани повредените деца и да им обезбеди маси за Дино Мерлин. Респект за гестот, респект за одзивот! А ние се прашуваме… Кочанчани, ако можевте 30 километри до Штип, зарем 300–400 метри до Паркот на револуцијата се премногу? Таму не ве чекаат ѕвезди на сцена, туку споменот на вашите другари и другарки – 62 ангели што таа кобна ноќ ја оставија младоста на овој град,“ стои во реакцијата.

 

Од здружението додаваат дека следниот марш не е за концерт или медиуми, туку за човечка почит и за вистинска правда:

„Наши сограѓани, родители – ве очекуваме на следниот марш. За 62 светлосни траги кои ја оставија младоста на овој град, за секоја насмевка што ќе недостасува, за секој срцев удар на сеќавањето – да покажеме дека споменот живее и дека љубовта и почитта остануваат засекогаш.

Back to top button
Close