Во Пакистан загинаа најмалку 23 цивили при бомбардирање на упориште на талибанците во Пакистан

Најмалку 23 цивили, меѓу кои седум жени и четири деца загинаа при денешното бомбардирање на пограничниот регион на Пакистан, каде се кријат припадниците на пакистанските талибанци.

Неименуван полициски извор наведе дека авионите гаѓале четири куќи и целосно ги уништиле.

Додека неименуван претставник на пакистанските безбедносни сили наведе дека 23 луѓе загинале во подрачјето каде се наоѓаат десетина засолништа на пакистанските талибанци.

Пакистанските талибанци изминатите месеци ги интензивираа нападите врз припадниците на безбедносните сили во пакистанските подрачја на границата со Авганистан

Back to top button
Close