„Дизни“: Шоуто на Џими Кимел денеска се враќа во етерот
Компанијата „Дизни“ соопшти дека ток-шоуто „Џими Кимел во живо“ денеска ќе се врати на мрежата на Еј-Би-Си , шест дена откако го суспендираше водителот поради заканите од претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендон Кар, во врска со коментарите на Кимел за атентатот врз Чарли Кирк.
Објавувајќи ја одлуката за враќање на Кимел, „Дизни“ наведе дека ја суспендира продукцијата на емисијата „за да се избегне понатамошно разгорување на напнатата ситуација во тој емотивен момент за нашата земја“.
Во соопштението понатаму се наведува дека компанијата верува дека некои од коментарите на Кимел биле „лошо темпирани и затоа биле лишени од чуства“.
Меѓутоа, по понатамошни разговори со водителот на ноќната програма на Еј-Би-Си, „донесовме одлука денеска да ја вратиме емисијата“, соопшти „Дизни“.
Веста за прекинувањето на емисијата на Кимел предизвика горчлив бран осуди на сметка на „Дизни“ и мрежата Еј-Би-Си, а заканувачките пораки на Брендан Кар беа остро критикувани дури и од влијателниот републикански сенатор Тед Круз