Европската медицинска агенција (ЕМА) го демантира Трамп: Нема врска помеѓу парацетамолот за време на бременоста и аутизмот.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нема докази што би барале промена на сегашните препораки за употреба на Парацетамол за време на бременоста, со што се побиваат тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека употребата на лекот, познат како Тајленол во САД, е поврзана со аутизмот.

EPA-EFE/KENT NISHIMURA / POOL

„Достапните докази покажуваат дека нема поврзаност помеѓу употребата на Парацетамол за време на бременоста и аутизмот“, соопшти ЕМА.

Медицинската агенција на Европската унија нагласува дека Парацетамолот може да се користи за време на бременоста и препорачува најниска ефективна доза и фреквенција.

Трамп го поврза аутизмот со вакцините за деца и употребата на Парацетамол за време на бременоста, ставајќи ги тврдењата, кои не се поткрепени со научни докази, во преден план на американската здравствена политика.

Back to top button
Close