Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути
Европските власти разбија долгогодишна шема за измама со криптовалути, во која над сто луѓе изгубија најмалку 100 милиони евра, соопшти денеска Агенцијата на Европска Унија за соработка во областа на правосудството (Европравда).
Полицијата минатата недела изврши претреси во Шпанија, Португалија, Италија, Романија и Бугарија при што се приведени пет осомничени.
На жртвите им биле ветувани големи профити од нивните инвестиции во криптовалути преку професионално дизајнирани онлајн платформи. Инвестициите на жртвите биле префрлувани во Литванија, каде се переле парите.
Кога жртвите се обиделе да ги вратат своите инвестиции, од нив било побарано да платат дополнителни такси, по што веб-страницата што се користела за измамата исчезнала. Инвеститорите последователно ги изгубиле поголемиот дел или сите свои пари, се наведува во соопштението на Европравда.
Шемата функционираla од 2018 година и опфаќала 23 земји. Жртвите се од неколку европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Италија и Шпанија.
Главниот обвинет, наводниот водач на измамничката група, е осомничен за голема измама и перење пари.