Продолжува лекарскиот скрининг на населението во Трубарево, вчера прегледани 111 лица
Во Трубарево денеска продолжува дводневниот лекарски скрининг на населението, што го спрроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.
Според првичните податоци од терен, на двата пункта, вчера во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија, соопшти Министерството за здравство.
Скринингот опфаќа клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет, со цел да се утврди здравствената состојба на локалното населениот по големиот пожар во Трубарево на 13 септември.
Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите не покажале знаци за натамошен третман, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу.
Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни.
Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење,… да се пријават уште вечерва за скрининг.
-Скрингот проодлжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме, истакна Алиу.
Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.