Герасимовски: Со новата механизација го исчистивме сметот во Центар
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар.
„Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина“, вели Герасимовски.