Села го скара Мерко со ДУИ. Ахмети застана зад Села за градоначалник на Струга Мерко повикува да се гласа за независните
Актуелниот градоначалник на Струга и висок функционер на ДУИ, Рамиз Мерко, отворено се спротивстави на сопствената партија, откако таа за локалните избори застана зад коалициониот партнер Зијадин Села. Мерко на своите поддржувачи им порача да гласаат за советничката листа на „независните“.
Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120.“, напиша Мерко на својот профил на Фејсбук.
Името на градоначалникот на Струга се наоѓа на црната листа на САД од јуни 2023 година. Американскиот Стејт департмент тогаш соопшти дека Мерко е означен како неподобен за влез во САД поради, како што наведоа, негова вмешаност во значајна корупција. Истата мерка ги опфати и неговата сопруга Шпреса и нивните три полнолетни деца – Генц, Назмије и Дренуше.
Во меѓувреме, Обвинителството продолжува со отворање на предмети против Мерко, а последниот се однесува на јавната набавка за осветлувањето на вливот на реката Дрим во Охридското Езеро. – Скопје1.мк