ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба
Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака,
„Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба.
, објави 4NEWS.mk МАКЕДОНИЈА ДУИ: Целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба Автор: Деск 4NEWS.MK 25/09/2025 13:31 Демократската Унија за Интеграција најостро реагира на тенденциозните наслови и интерпретации кои се појавија во дел од медиумите, со тврдења за наводна поделба на државата. Таквите квалификации се неточни и искривуваат јасна и недвосмислена порака. „Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба. ДУИ сака да потсети дека и покрај сите напади и пропаганда во изминатите децении, останува доследна на својата визија: Македонија да биде унитарна, заедничка и еднаква држава – не поделена, туку секогаш наша заедничка татковина. Апелираме до медиумите за професионално и одговорно известување, кое нема да поттикнува погрешни перцепции и недоразбирања кај граѓаните“, велат од ДУИ во реакцијата.