За Словенија Нетанјаху е „персона нон грата“
Владата на Словенија го прогласи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за „персона нон грата“.
– Јавноста е свесна дека тој е гонет за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото. Меѓу другото, Меѓународниот суд на правдата на 19 јули 2024 година утврди дека неколку израелски политики и практики го кршат меѓународното хуманитарно право и човековите права, објави на платформата Икс државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни работи – Неве Грашиќ.
Таа додаде дека со владината одлука „се испраќа јасна порака до Израел дека Словенија очекува доследно почитување на одлуките на меѓународните судови и меѓународното хуманитарно право“.
Словенија минатата година ја призна Државата Палестина, а во август воведе ембарго за оружје врз Израел и воведе забрана за увоз на стоки произведени на палестинските територии окупирани од Израел.