Внатрешна контрола во СВР Велес, во дел од пријавите на Росица Коцева не било постапено законски, дисциплински за 11 вработени.

По насока на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите, информира МВР.

Врз основа на извршените проверки е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност.

Министерот Тошковски и МВР не ги коментираат вчерашните тврдења за слободен печат на другари од Велес на Росица дека во мај годинава  му испратила смс пораката со молба министерот Тошковски да и помогне да се спаси од тогашниот нејзин партнер сега веќе и нејзин и на таткои убиец . Пораката како што јавно сведочат им ја покажала и им ја дала и нив. Тошковски нема реакција на тврдењата на другарите на Росица кои со име и презиме во слободен печат излегоа јавно со тврдење дека смс праката постои и му била пратена на министерот а не како што тој „категорично“ демантираше дека тоа не е точно ,не добил никаква смс порака од неговата сограѓанка од Велес во мај година во која таа како што напишала „очајно го моли“ полицијата да ја заштити од бившиот партнер кој и се заканува дека ке ја убие. Таа во пораката му напишала дека повеќе пати пријавувала во полицијата и обвинителството во Велес но дека ништо не е преземено.  Росица и покрај молбите и пријавувањата во институциите сепак беше убиена пред една недела на прагот на нејзината куќа во Велес а убиецот (бившиот партнер) претходно во куќата со нож го убил и нејзиниот татко и на крај и себеси си пресуди ,се самоуби.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close