Исклучени семафори предизвикаа сообраќаен хаос кај Соборна
Попладнево на раскрсницата кај Соборната црква во Скопје настана целосен сообраќаен хаос, откако семафорите престанаа да функционираат.
Според очевидци владеел целосен метеж, а возилата биле заглавени едно до друго без можност да продолжат.
